Ferrari Daytona SP3 – Novitec

Се прашувате ли што ќе се случи кога на италијанската перфекција ќе се надоврзе германскиот инженеринг?

Ferrari Daytona SP3 е задвижуван од најголемиот V12 мотор во историјата на марката од Маранело и неговите перформанси се стравични.

Изгледа на специјалистите од  Novitec toa не им беше доволно, па решија  на 6,5 литарскиот мотор да му скројат нов, прецизно калибриран издувен систем. Без ниту една интервенција на моторот тие успеаа да му ја зголемат моќноста.

Овој систем е целосно термички изолиран, што има позитивно влијание врз насобирањето топлина во моторниот простор, а со тоа и врз испораката на моќност. Интелигентното насочување на издувните гасови и намалениот нивен притисок ја зголемуваат максималната моќност.

Вака доработениот Ferrari Daytona SP3 сега има 28 КС повеќе или вкупно 868 КС. Воедно автомобилот со централно поставен мотор е уште поагилен и реагира побрзо на командите на педалата за забрзување.

Како што велат од Novitec, на изгледот на прекрасната Daytona SP3 нема што да се интервенира, осем некои мали дотерувања во духот на имиџот на тјунерот. Најголемата воочлива промена се специјално изработените тркала со дијаметар од 21 инч на предната и 22 инчи на задната оска. За цената не прашувајте…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER