Црвеноглавиот се враќа, овој пат со поостри линии, многу повеќе мускули и две верзии

Историјата се повторува, а кога тоа се случува во „ергелата Ferrari“, се дочекува со голема доза на радост. Не толку старите поклоници на растегнатото коњче се сеќаваат на моделот од средината на осумдесеттите години на минатиот век што го носеше истото име.

За воља на вистината,  тркачките автомобили на Ferrari во 1950-тите често се нарекувале така поради нивните црвено обоени глави на моторите. Модерната  Testarossa го носи префиксот 849 и треба да ги наследи SF90 Stradale и Spider.

Премиерата е закажана за следната година во купе и во откриена верзија и тогаш среќниците ќе ги почуствуваат благодетите на новитетот. Редизајнираниот V8 мотор со два турбо полначи засилен е со три електрични мотори, комбинација која би требало да испорача околу 1.035 коњски сили. Само моторот со внатрешно согорување произведува 819 коњски сили додека електричните мотори додаваат 217 коњски сили. Два од тие мотори се наоѓаат на предната оска за да овозможат векторирање на вртежниот момент во свиоците и обезбедуваат моќност до 200 км/ч, но третиот мотор, сместен помеѓу моторот и менувачот, продолжува да обезбедува целосна моќност и по тоа. Оние кои сакаат да ја возат Testarossa во EV режим нема долго да се радуваат.

Батеријата од 7,45 kWh е доволна за домет до 23 километри на погон на предните тркала до брзина од 130 км/ч. Сепак крајниот резултат е фасцинантен. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч  во купето е за само 2,2 секунди, а од 0-200 км/ч се постигнува за само 6,3 секунди.

Spider ќе биде малку побавен бидејќи тежи повеќе. Максималната брзина е поголема од 330 км/ч за обете верзии. Осумстепениот менувач со двојна спојка F1 е единствената опција. Во 849 Testarossa се споени елементите од спортските прототипови од 1970-тите и аеродинамиката со остри геометриски линии со повеќе нагласен ретро шмек.

Воланот содржи физички контролери и дигитални екрани што рефлектираат витални информации за возачот и потенцијално застрашувачки информации за совозачот. Ferrari 849 Testarossa нема дефинирана цена, ниту колкав ќе биде волуменот на производство, но добрите познавачи очекуваат почетна понуда да биде околу 450.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER