Ferrari 250 GTO прогласен за уметничко дело

Ferrari 250 GTO прогласен за уметничко дело

Велат уметноста нема цена, но оваа вреди повеќе од суво злато – во буквална смисла на зборот

Објавено на 26 јуни 2019 година

Кој е и што претставува Ferrari 250 GTO знаат сите љубители на класичните автомобили. И тоа доста добро, што беше предизвик за една нова компанија од Модена да посака да направи негова модерна реинкарнација. Јасно, тоа ни малку не му се допадна на Ferrari, кој повлече правни чекори да го заштити овој легендарен автомобил. Невообичаени, мора да признаеме, бидејќи беше побарано тој да биде прогласен за уметничко дело, кое како такво мора во потполност да остане оригинално и заштитено од репродукции и имитации. И верувале или не, судот во Болоња го прифати таквото барање и овој автомобил стана прв кој има официјално призната уметничка вредност. Со тоа, производството, комерцијализацијата и промоцијата на 250 GTO останува исклучиво во надлежност на Ferrari.

Вакво нешто не треба да чуди бидејќи Ferrari 250 GTO е најскапиот автомобил во светот – еден примерок од него произведен 1962 година на аукција лани е продаден за рекордни 48 милиони долари, а друг од 1963-тата со директна спогодба за неверојатни 80 милиони. Бидејќи тежи 880 килограми, со мала математика може да се дојде до фактот дека чини двојно повеќе отколку истата количина злато, кое со цената од 1.438 долари за унца (31,1 грам) ја има постигнато највисоката вредност во последниве 6 години.

П.С. Ако ве мрзи да пресметувате, за една унца од Ferrari 250 GTO (оној поскапиот) се платени 2.827 долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER