FCA си обезбеди гаранции за 6,3 милијарди евра кредит

Top News Вести

FCA си обезбеди гаранции за 6,3 милијарди евра кредит

Објавено на 26 јуни 2020 година

Италија застана зад својата автомобилска индустрија и на Fiat Chrysler му обезбеди државни гаранции за кредит вo износ од 6,3 милијарди евра. Оваа одлука е донесена од италијанскиот ревизорски суд после долготрајна постапка во која беше оспорувано одобрувањето на кредитните гаранции, со претходна согласност на министерството за економија. Кредитот кој се однесува само на италијанската дивизија на FCA ќе го даде банката Inteza Sanpaolo која ги прифати државните гаранции, при што 80 отсто од износот ќе се обезбедат преку извозно-кредитната агенција SACE. Барањето на Fiat за добивање државна поддршка предизвика контроверзи бидејќи во тек е процес на спојување на компанијата со францускиот PSA. Плус на тоа, италијанско-американскиот холдинг е регистриран во Холандија. Засега не се познати условите за гаранциите, ниту дали нивното давање ќе се одрази на спојувањето со PSA.

Ова е најголема државна поддршка дадена на автомобилскиот сектор во Европа. Од кредитот индиректно ќе имаат корист околу 10.000 компании кои го сочинуваат синџирот добавувачи на италијанската автомобилска индустрија.

 

клучни зборови: