Европски автопроизводители обединете се!

Соединувањето, за да се создаде паневропски производител на ЕВ во стилот на Ербас, може да им помогне на компаниите да се одбранат од кинеската инвазија

Извршниот директор на Рено, Лука де Мео, ги повика европските производители на автомобили да се обединат и да формираат конгломерат, во стилот на Ербас, за производство на електрични возила со пристапни цени. Тоа би овозможило  да се добијат поконкурентни возила со што европските ЕВ ќе спротивстават на увозот на кинеските марки што го освојуваат пазарот.

Ербас е поддржан од европските влади, а компаниите кои го сочинуваат се собраа за да бидат поконкурентни на светскиот пазар на патнички воздухоплови. Според Де Мео, европските производители на автомобили треба да направат нешто слично за да застанат на патот на растечкиот прилив на достапни електрични возила од Кина, кои се доминантни во сегментот. Во Женева Де Мео рече „треба да бидеме креативни за да најдеме решение, а партнерите можат да ја споделат инвестицијата и да ги намалат трошоците за производство на нови возила“.

Renault веќе е во разговори со Volkswagen за споделување на платформата AmpR што е употребена во Renault 5 чија почетна цена би била 20.000 евра. Според Де Мео, предизвикот на таков проект би бил создавање на европски синџир на вредности кој вклучува батерии, мотори и електроника, како што направија кинеските производители на автомобили пред неколку години. Брзото создавање автомобили ќе биде голем предизвик за европските производители и ќе го скрати времето на развој на ЕВ.

Воедно, Де Мео напомена дека правилата на ЕУ треба да овозможат мали автомобили во урбаните средини, по примерот на јапонските „кеи“, намалување на данокот на додадена вредност за нив и овозможување бесплатно паркирање за да се поттикне нивното користење.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER