Ќе се изроди ли нова класа возила во Европа?

Се засилуваат заложбите да се дефинира нова класа возила во Европа

Не е прв пат некој да побара но сега изгледа најсериозно – на Европа им треба еквивалент на јапонските Kei car автомобили, мали, евтини и електрични. Или поконкретно, со цена од 15.000 евра и автономија од стотина километри. Европската авто-индустрија се залага за нив малку да бидат олабавени нормите за да можат да се развијат и произведуваат со споменатите параметри. Како одговор на тоа, европската комисија покрена иницијатива сигнализирајќи дека има намера тоа да го стори, со цел да ја направи електричната мобилност достапна за поширок круг граѓани и истовремено да ја засили конкурентноста на европската индустрија на глобално ниво. При тоа секако се мисли дека тие возила треба да се произведени во Европа, со делови и компоненти од европски доставувачи.

Пораката која од Брисел пристигнува е јасна – Европа не може да дозволи Кина и другите да го освојат овој сега непостоечки пазарен сегмент, бидејќи без оглед на сé иднината ќе биде електрична. За да се оствари тоа се споменуваат воведување на посебни стимулативни кредити кои би ги поттикнале развојот и побарувачката на мали електрични возила за кои посебно би се намалиле реално непотребните ограничувања наметнати со стандардите креирани за поголемите автомобили, секако без загрозување на безбедноста.

Според достапните податоци, во 2019 година во Европа имало педесетина модели со цена до 15.000 евра, додека нивниот број сега е сведен на еден, а во некои земји и ниеден. Претерано строгата регулатива драстично ги зголеми трошоците за нивни развој и производство, правејќи ги целосно неисплатливи. Умно замислената и стратешки одлично надградуваната стратегија на Јапонците веќе скоро осум децении успешно ја дефинира нивната Kei car класа возила која денес опфаќа четириесетина отсто од пазарот.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER