Европа подготвува нов удар за Кинезите – овој пат на мета се плаг-ин хибридите.
Приклучните хибриди, после 2024-тата кога беа воведени царините за електричните автомобили, се покажаа како главен адут за пласман на кинеските возила на Стариот континент.
Администрацијата во Брисел е незадоволна затоа што не успеа во својата основна намера – да ја заштити европската автомобилска индустрија од нелојалната конкуренција издашно потпомогната со дебелите државни субвенции.
Дека такво нешто ќе се случеше лесно можеше да се превиди бидејќи кинеската влада уште во 2009-тата започна со имплементација на програмата за популаризација на таканаречените новоенергетски возила, термин кој ги обединува сите возила целосно или делумно задвижувани од струја.
Заради тоа тамошните производители имаат широка гама електрични и плаг-ин хибридни возила и воопшто не им беше проблем да го пренасочат фокусот за настап на европскиот пазар.
И тоа доста успешно – моментално најдобро продаван плаг-ин модел на нашиот континент е BYD Seal U, а добар успех остварија и Atto 2 и Jaecoo 7. Благодарение на нив и сличните други учеството на плаг-ин хибридите во вкупната продажба на кинеските марки на европскиот пазар за период од 12 месеци порасна од 18 на 34 отсто, исто колку што имаат и електричните возила.
За да биде усвоен предлогот за дополнителни давачки што го турка европската администрација, за него позитивно треба да се изјаснат повеќето земји членки на унијата.


