И покрај почетниот скептицизам на јавноста, Европа е пред воведување на новата класа возила со прифатлива цена.
Новите правила за нив кои ќе бидат преставени на почетокот на идниот месец треба да овозможат и стимулираат развој на пристапни но потполно употребливи автомобили без емисии за секојдневни потреби според барањата на тукашните возачи.
Иако инспирирани од јапонските Kei возила за нив се споменува максимална должина од 4,2 метри и цена меѓу 15 и 20 илјади евра. Со тоа тие не би биле комбинација меѓу квадрициклите односно микроавтомобилите туку доста блиску до стандардните возила од кои сепак ќе се разликуваат според полабавите безбедносни критериуми што треба да ги исполнат.
Бидејќи се замислени пред сé за градска употреба тоа не би претставувало некоја посериозна препрека која ќе ги одвратува купувачите а истовремено би се дало и силен импулс на производителите на возила во чии планови сé почесто се споменува затворање на фабриките.
Но без дискусија главната замисла зад сето ова е да се овозможи европската авто-индустрија да стане поконкурентна и поотпорна на кинеската инвазија.


