Трпеливо и плански до ново возило!
Во време на светска пандемија, дефицит на ресурси и забавена продажба, компанијата Еуроимпекс ја прилагодува својата продажна стратегија согласно новите услови на пазарот и ги повикува своите клиенти на паметно планирање, под слоганот „Планирај мудро. Порачај го своето возило сега!“. Со тоа им се дава можност, дури и на најпребирливите клиенти, да го конфигурираат своето возило согласно нивниот стил, желби и потреби, и навремено да ја остварат порачката на својот посакуван автомобил. Гамата на Peugeot нуди многу новитети, а понудата опфаќа патнички и комерцијални возила задвижувани со мотори со внатрешно согорување, 100% електрични возила и plug-in хибридни модели. Комерцијалната гама е исто така достапна за нарачка и во 100% електрична верзија. За повеќе информации за цени, достапност и начин на порачување обратете се во салоните на Peugeot и дилерската мрежа или посетете ја веб страницата www.peugeot.mk


