Автомобилските брендови на Еуроимпекс Peugeot и Opel повторно во изборот „Златно Тркало“
Еуроимпекс е македонска компанија, првенствено препознаена по своето застапништво на еден од најпознатите автомобилски брендови Peugeot во Македонија и регионот, но во исто време и генерален увозник на брендовите: TotalEnergies, Milwaukee, Bahco, Irimo, одговорна за раководење и развојот на ловиштето Ниџе, а од 2020 година и генерален застапник за германскиот бренд Opel на територијата на Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора.
Еуроимпекс го започнува своето работење во далечната 1990 година, за во 2025 година да одбележи цели 35 години успешно постоење, кои ги прослави со свечен настан во “кирилична” , еден од ретките на нашата територија.
Сличен настан од национално значение претставува и реномираниот Избор за најпосакуван автомобил во Македонија „Златно Тркало“ кој својот почеток го бележи во 2020 година, за во меѓувреме да измине низ шест успешни репетиции.
Златно Тркало е всушност нов оригинален начин да го избереме најпосакуваниот автомобил, на кој сите граѓани на Македонија кои имаат пристап до интернет и социјалните мрежи, можат да го дадат својот глас и за на тој начин добиените резултати да го искажат вистинскиот афинитет на реалните љубители и купувачи на автомобили.
“Ние (Еуроимпекс) како прва автомобилска компанија во Македонија, искрено ги цениме и особено ни се драги нашите македонски награди и признанија, особено оние кои се изгласани од нашата македонска јавност. Таков пример претставува националниот избор за најпосакуван автомобил „Златно Тркало“, каде Еуроимпекс со своите водечки автомобилски брендови Peugeot и Opel до сега има освоено вкупно 7 награди во различни категории! Го поздравуваме изборот и посакуваме да се множат националните признанија и награди” – изјави Зоран Серафимовски – Извршен директор во Еуроимпекс.
Со освоени над 35% од гласовите, новиот Peugeot 2008 извојува убедлива победа и ја освои титулата за најпосакуван градски автомобил.
Електричниот е-208 – кој освои 45.93% од гласовите – беше логичниот избор за храбрите.
Со освоени 37.70% од гласовите, Peugeot 308 се наметна како доминантен во категоријата.
Peugeot 408 беше изборот на 30.62% од гласачите во категоријата и заслужено е избран за Најпосакуван нов автомобил во Македонија за 2023!
Достапна и како целосно-електрично возило, Opel Corsa ги освои гласовите и со 47.53 проценти во категоријата беше прогласена за Најпосакуван Градски Автомобил.
Големиот Grandland е знаменосецот на SUV гамата на Opel и освои 39% од гласовите.
Редефинираниот SUV на Peugeot освои 30% од гласовите во неговата категорија. Peugeot одлучи радикално да го редизајнира 3008 и да го трансформира во еден поинаков, нестандарден SUV.
„Со овие награди изгласани токму од нашата јавност низ годините покажуваме дека имаме водечки брендови на автомобили кои јавноста ги препознава и ги посакува. На тоа сме особено горди!“ – Изјави Ивана Манчева Михајловска – Заменик извршен директор во Еуроимпекс.
И оваа година 2026та, финалистите на Еуроимпекс се натпреваруваат во три категории:
Најпосакуван семеен автомобил за 2026 – Opel Frontera
Најпосакуван градски автомобил за 2026 – Peugeot 308


