Euro NCAP – Најбезбедните автомобили во 2024 година

На темелните тестови за безбедност, пет автомобили од Кина, Германија и Јапонија го поставија стандардот за безбедност на возилата.

Автомобилската индустрија имаше предизвикувачка година во 2024 година, обележана со тешки економски услови. Euro NCAP смета дека е особено охрабрувачки е што производителите на автомобили продолжуваат да ставаат значителен акцент на безбедносните иновации и опремувањето на автомобилите со најновите безбедносни системи.

На сите тестови што ги направи Euro NCAP во 2024 година отскокнуваат пет автомобили кои покажаа највисок степен на заштита на патниците и на сите учесници во сообраќајот. Најдобро рангиран е Mercedes-Benz E-Class.E-Class, со најдобар вкупен резултат во четирите безбедносни категории што ги оценуваат експертите на Euro NCAP и тоа заштита на возрасни патници, заштита на деца на патници, заштита на ранливи корисници на патиштата и технологии за безбедносна помош.

Малите теренци доминираа годинава со 20 од вкупно 44 тестирани автомобили од Euro NCAP. Водечка во класата мали спортско корисни возила беше кинескиот ZEEKR X, кој ги надмина европските производители и, воедно, ја освои наградата „Најдобар во класата на електрични возила “.

Друга важна награда за 2024 година беше во категоријата на „големо спортско корисно возило“. Euro NCAP тестираше шест возила со седум седишта во оваа категорија каде Mazda CX-80 беше највисоко рангирана.

Во класата на големи фамилијарни автомобили најдобро се покажаа Volkswagen Passat и неговиот партнер Škoda Superb кои испорачаа водечки безбедносни перформанси. Кинеските производители на автомобили забележаа уште една импресивна изведба со првиот електричен пик-ап тестиран во Европа од Euro NCAP.

Maxus TERRON 9, пик-ап со пет седишта и четири врати, постигна високи резултати во сите четири безбедносни категории. Во 2024 година, немаше претенденти за наградата Најдобар во класата мали семејни автомобили бидејќи возилата со најдобри резултати беа далеку под очекуваното безбедносно ниво.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER