Европската унија одлучи и на младите од 17 години да им дава возачки дозволи
Европскиот парламент прифати нови правила со кои до возачка дозволеа ќе се доаѓа и на 17 години. Младите сепак нема да можат сами да управуваат со автомобил туку во придружба на возрасно лице. Пробниот период за младите возачи се продолжува на две години. Новост е и тоа што возачките дозволи ќе важат 15 години а се воведува и нивна електронска верзија. Истовремено се заоструваат и стандардите за обука на возачите кои ќе опфаќаат и знаења за мртвите агли, користење за системите за помош на возачот, безбедно отворање на вратите на возилото и ризиците од одземањето на вниманието при употреба на телефон. Казните се унифицираат на ниво на унијата и се зголемуваат, посебно за прекршоците поврзани со употреба на дрога или алкохол. Земјите членки на унијата имаат три години на располагање да ги прилагодат своите национални прописи на новите правила.


