Кабулскиот ѓавол
Авганистан е последната држава на земјината топка од која би очекувале суперавтомобил, но ете и Талибанците направија еден. И мора да признаеме дека изгледа доста добро. За проектот наречен Mada 9 беше задолжена фирмата Entop од Кабул, која на него има работено пет години. Во целиот процес од идејата до реализацијата имаат учествувано 30 инженери од компанијата и од еден авганистански технички институт. Технички детали не се објавени, ниту пак некакви конкретни планови за производство. Единствените работи што се знаат е дека механиката има потекло од Toyota Corolla, како и дека можеби ќе следи електрична верзија.


