Engler V12 – Квад болид

Со здружени словачко-британски сили, компанијата Engler Automotive направи вистинска машина за производство на адреналин.

Во основа квадрицикл, овој болид од јагленородни влакна располага со дури 1.200 коњски сили добиени од компресорски мотор чие потекло и спецификации не се објавени – сé е оставено на сугестиите на ознаката V12.

За да се издржи таа сила конструкцијата е засилена со титаниум а ослонувањето, сопирачките и тркалата се автомобилски. Мора така да биде бидејќи овој суперквад тежок 1.200 килограми е способен да развие дури 400 километри на час. Според компанијата до 100 километри на час му требаат две ипол секунди.

Планирано е производство на 20 примероци но кога и по која цена не се знае.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER