Дали политички исфорсираната електрификација на Европа оди во ќорсокак?

Станува јасно дека намерите од 2035 година да се продаваат само електрични возила сериозно се раздрмани.

Сепак постојат луѓе кои се доволно храбри да го одговорат, во овој случај оние од кои тоа најмалку се очекува. Имено Мате Римац кој е сопственик на хрватската компанија позната по екстремното ниво на електрификацијата но истовремено и прв човек на Bugatti, доста провокативно го кажа своето мислење за тоа.

Зборувајќи на форум за иднината на автомобилите Римац беше дециден дека Bugatti ќе остане верен на моторите со внатрешно согорување покрај сите рокови што се поставени. Тврдејќи дека добро ги проучил прописите тој вели дека никаде не пишува дека после 2035-та автомобилите со класични мотори ќе бидат забранети.

Можно е да се плаќаат одредени пенали за што Bugatti е подготвен, дури до толку ако треба во дворот на секој клиент да изгради бензинска пумпа. Јасно е дека неговото смело мислење не може да се генерализира бидејќи и Rimac Automobili и Bugatti произведуваат по двоцифрен број возила годишно кои се продаваат за милионски суми.

Но тоа сепак го потврдува ставот на менаџерите на големите автомобилски компании кои не сакаат да бидат изненадени со евентуалните ретроградни измени на прописите. Единственото што во овој момент не се знае е за што купувачите после 2035-та ќе бидат порасположени – за бензински или пак електрични возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER