Електричен, извонреден, спектакуларен!

SPOFEC го персонализира Rolls-Royce Black Badge Spectre со спортски и елегантни компоненти

Spectre Black Badge е најмоќниот сериски автомобил од Rolls-Royce на сите времиња. Неговите два електрични мотори со системска моќност од 659 КС и подеднакво извонреден системски вртежен момент од 1.075 Nm го потврдуваат тоа. Серискиот луксуз што го пружа овој автомобил не е доволен за специфичните купувачи на „Духот на екстазата“ и тој е совршена основа за спектакуларна префинетост. Тоа го направи SPOFEC, дел од  германската групација NOVITEC, која со децении е еден од водечките светски специјалисти за рафинирање на ексклузивни автомобили. Електричниот погон на Rolls-Royce остана недопрен, но дизајнерите на SPOFEC развија спортска и елегантна надградба на каросеријата. Сите компоненти се произведени со видлив карбонски финиш и импресионираат со нивното извонредно прецизно вклопување. Затоа уживајте во галеријата што ви нудиме од ова ексклузивно издание.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER