Duster од првата генерација уште се произведува

Не, не е грешка

објавено на 18 февруари 2022

Добро прочитавте – и по 12 години постоење Duster од првата генерација уште се произведува. Втората генерација на романскиот теренец беше претставена пред пет години, но тоа не значеше крај за првата – таа под ознаките на Renault продолжи да живее во Бразил, Русија и Индија каде во 2020 година доживеа и фејслифтинг, проследен со нов мотор и CVT трансмисија. Но, и на тоа дојде крај и овој модел кој од темел го смени сфаќањето што светот го имаше за Dacia и воопшто за поевтините теренци, конечно може да се пензионира. Но само во Индија – неговата руска верзија која се продава како Nissan Terrano ќе остане барем уште оваа и наредната година, исто и бразилскиот пикап Oroch кој е изведен од Duster.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER