Двојно повеќе сила
Дали струјата ќе го освои DTM?
објавено 10. ноември 2020
Компанијата за развој и изработка на специјални автомобили Schaeffler ја покажа својата визија за иднината на DTM. Последната трка на Хокенхајм која се одржа без гледачи беше место на презентацијата за иновации во трките. Снабдувачот на автомобили прикажа демо возило заедно со организацијата ITR (International Touring Car Race e.V.) што може да биде лансирана за три години. Возилото има четири електрични батерии, специфични погони за тркалата изработени од Schaeffler и опремена е со Space-Drive технологијата Steer-by-wire. Излезната моќност е 1196 КС (880 kW), двојно повеќе од сегашните автомобили DTM. Забрзувањето од стоење до 100 км на час трае 2,4 секунди, што е за околу 0,4 секунди побрзо од оној на сегашниот Schaeffler BMW M4 DTM. Прототипот го управуваат возачот на Формула Е, Даниел Абт, двократниот шампион во DTM, Тимо Шејдер и амбасадорката на брендот Шефлер, Софија Флорш. Во улога на развојно возило за електричен DTM, предвидени се настапи во програмата за поддршка на тркачката серија за следната година. Од 2023 г. Германските шампионат на туристички возила може да започне како целосно електрична тркачка серија.


