DS – Без конвенционални сопирачки

Регенерацијата на енергија „кочничар“

Користејќи ја технологијата и искуствата стекнати во Формула Е шампионатот париската луксузна марка DS Automobiles разви прототип на електрично возило што ја користи само регенерација на електричната енергија наместо конвенционални сопирачки. DS E Tense Performance двата електрични мотори со вкупна сила од 600 kW ги користи за целосно забавување на возилото преку регенеративно сопирање, технологија веќе достапна во повеќето електрични возила. DS истражува дали само регенеративното сопирање би можело да биде единствениот метод за забавување и сопирање на автомобилите, помагајќи да се надополни батеријата. Доколку методот се усоврши тоа би резултирало со отстранување на конвенционалните механички сопирачки. DS E Tense Performance ги користи истите електрични мотори што може да се најдат во електричните тркачки болиди. Со 815 КС и огромни 8.000 Nm вртежен момент, DS E Tense Performance може да забрза од 0-100 км/ч за само две секунди. Користејќи полнење од 350 kW, батериите целосно се полнат за само пет минути. Во догледна иднина DS сака да ја донесе оваа технологијата во  употреба во сите свои идни модели.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER