За својот следен модел Холанѓаните нема да користат мотор од Audi
Малосерискиот производител на автомобили со високи перформанси, по 25 години нема веќе да користи мотори од Господарот на прстените. Тоа е најшокантната вест во врска со најавениот P24 RS кој ќе биде многу лесен и би требало да го надмине актуелниот F22 Final Five со 492 КС.
Следниот суперавтомобил ќе се префрли на друг добавувач на мотори. Интересно е што буквата „Р“ е првата во името на втората ќерка на Денис Донкерворт, Pheby, додека 24 се однесува на нејзината година на раѓање, 2024 година. F22 беше именуван на сличен начин, инспириран од првата ќерка на Денис, Филипа, која е родена во 2022 година. Според Денис Донкерворт, P24 RS ќе биде „целосно нова иновација“ и „целосно нов развој“.
Малиот производител ќе продолжи со својата посветеност на методите на лесна конструкција во својот следен модел. Последната едиција на F22 тежеше само 716 кг обезбедувајќи сооднос моќност-тежина од 698 КС/тон. Тоа беше доволно за спринт до стотка за само 2,5 секунди и максимална брзина од 290 км/ч. Опсесијата со мала тежина ќе се примени и во P24 RS за кого се ветуваат уште подобри перформанси.


