Dongfeng Nammi Box EV за 23.000 евра

Ќе се забрза ли сега електрификацијата на Европа?

Четвртиот по големина државен кинески производител на возила Dongfeng ги поставува темелите за своето освојување на Европа – после моделите на луксузната марка Voyah го лансира и малиот електричен Nammi Box. За почеток само во Швајцарија по цена од 22 илјади франци, односно околу 23 илјади евра и во една конфигурација, со електромотор со 95 и батерии со капацитет од 42,3 kWh доволни за автономија од 310 km. Но ако со оглед на цената тоа е и очекувано, она што изненадува е привлечно дизајнираната и добро опремена внатрешност. Пред возачот се наоѓаат двобоен кожен управувач и мал дисплеј за основните податоци, а централниот екран е со дијагонала од 12 инчи.

Каросеријата со атрактивен дизајн долга 4,02 метри ќе привлекува широка група купувачи, посебно помладите и од женскиот пол. Предниот дел со едноставен изглед го красат симпатично обликувани ЛЕД фарови поврзани со светлосна лента, рачките на вратите кои се во рамнина со каросеријата се извлекуваат при отворање, а страничните стакла се без рамки. Багажникот е сосема солиден со волумен од 326 литри, а за безбедноста се грижат 11 системи за помош.

Покрај Швајцарија најавено е лансирање на Nammi Box и во Норвешка, по засега непотврдена цена од само 16.000 евра, веројатно со вклучени државни бенефиции. Покрај овие две земји кои не се членки на Европската унија заради што не мора да ја следат актуелната царинска политика за кинеските возила, се очекува малиот електромобил да биде пласиран и на другите пазари каде Dongfeng е присутен со марката Voyah, Германија на пример. Дека има резерва во цената да биде конкурентен сведочи и фактот дека овој модел лансиран во јануари во Кина се продава и со помали батерии, по цена која стартува од само 9.500 евра. Треба да се спомене и дека оваа компанијата го произведува Dacia Spring, како и дека преговара со италијанската влада за отворање на фабрика во земјата.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER