Dodge Charger Daytona – Што се случува со американските билдери?

Електирчниот  Dodge Charger Daytona е подолг од BMW X7, потежок од Cadillac Escalade и тежи 2,7 тони!

Во Америка сé е големо, дури и „мускулозните автомобили.Тоа го докажува новата генерација на Dodge Charger која е подолга и потешка од многу големи теренци.

Тој го има погонскиот агрегат на иднината, но носи неколку реликвии од минатото. Со неговата тежина и пропорции тој може да се нарече лесен пик-ап! Тоа го докажуваат нрговите пропорции. Долг 5,25 метри, широк 2.028 мм,  а на вагата покажува 2.648 кг. Вистински „бабачко“! Dodge Charger Daytona е за 24 кг потежок од Cadillac Escalade со долго меѓуоскино растојание опремен со 6.2 литарски V8 мотор.

И не само тоа. Вкупната должина е за 7,6 сантиметри поголга од BMW X7. Што се однесува на широчината тој е само 2,2 мм потесен од Lamborghini Aventador. Единствената димензија во која може да се спореди со автомобил, е висината која е само 1,5 метри. И покрај огромните пропорции, Dodge Charger Daytona ќе биде прилично блескав на спринт.

Верзијата Scat Pack е способна да ослобиди 679 КС, да спринта до стотка за 3,4 секунди и да помине 600 метри за 11,5 секунди. Сепак Dodge со новиот Charger Daytona не се осврнува на неговите гигантски пропорции туку на испорачувањето на перформансите на неговите купувачи. Со напуштањето на блескавиот 5,2 литарски бензински мотор, тој остана доследен на своето спринтерско портфолио, па макар тоа значеко често посетување на полначите за батериите.

Како и да е, неговите поклоници се навикнати на често посетување на станиците за полнење, без оглед дали тоа се бензинските или електричните.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER