Dodge Charger Daytona – Малерозен старт

Невољи го следат првиот електричен мускулест автомобил кого го очекуваме во Европа

Dodge требаше да започне со испораките на Charger Daytona во САД пред шест месеци, но тоа не се случи. Наместо почеток на продажбата беше, најавено задоцнување од три месеци кое се одолжи на половина година.

Причина за тоа беа електрични и софтверски проблеми што се појавија за време на тестирањата. Мината недела Dodge започна да ги снабдува дилерите со нарачаните возила, но голем број од нив дошле во невозна состојба или се расипувале по само неколку извозени километри. Дилерите се обиделе да ги отстранат проблемите, но се наведува дека стотици Charger Daytona седат на паркинзите на дилерствата чекајќи да бидат ажурирани преку воздух. Ова не се единствените проблеми со кои се соочуваше Dodge во изминатите неколку месеци.

На лансирањето на Dodge Charger Daytona беа најавени верзии со две и четири врати и барем девет различни моќности. Иако каросеријата со четири врати на улиците требаше да се појави минатиот месец, од неа нема ниту трага ниту глас а моментално се испорачуваат само две изведби, со 425 и 580 коњи. По станувањето на погрешна нога, Stellantis се надева дека Dodge Charger Daytona ќе успее да го надомести изгубеното време и по решавањето на предизвиците ќе биде во полна форма за европската премиера која се очекува да се случи годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER