Добредојде Geely Starray EM-i

Две годишната успешна работа на Делфино Мобилити Груп е прославена со премиерата на новиот Starray со приклучен хибрид

Кинеските брендови со фасцинантна брзина се развиваат. Тоа се должи на водечката технологија што ја имаат во областа на електричните и електрифицираните погони, се по атрактивниот дизајн,  разумната цена, стратегијата за освојување на пазарите и добро прилагодениот производствена програма.

Делфино Мобилити Груп започна со работа на први април 2024 година, а дека не беше шега потврдува со своето работење. Прв бренд беше Geely за да, по кратко време,  репертоарот се прошири со сестринската марката со премиум амбиции Lynk&Co.

Моделот Starray е веќе промовиран кај нас, но сега се нуди со нов погон. Зад ознаката EM-i се крие подон со приклучен хибрид, но неговата технологија повеќе наликува на современите „продолжувачи на дострелот“. Во суштина Starray EM-i има два електро-мотори.

Главниот е силен 160 кВ и тој е главен двигател, додека вториот е вкомпониран во менувачот. Кога батеријата од 18,4 кВч е полна на струја може да помине 83 километри. Бензинскиот четири цилиндричен мотор од 1,5 литри и 100 КС стапува на сцена кога ќе се испразни батеријата,

но неговата улога не е да го движи Starray туку да генерира струја за електро-моторот. Оваа комбинација овозможува со полн резервоар и батерија да се поминат над 940 километри.

Модерно обликуваната каросерија е збогатена со модерен и богато опремен интериер. Понудени се два нивоа на Starray EM-i, а веќе од првото (32.000 евра) има сѐ што треба да има еден современ автомобил.

За оние што тоа не ги задоволува ќе треба да доплатат 2.000 евра за да добијат многу додатоци што „живот значат“. Повеќе информации можете да добиете во салонот на Geely, на Градскиот стадион, Северна трибина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER