Дизелот поскапе, бензинот куртули

Дизелот поскапе, бензинот куртули

Објавено на 19 август 2019 година

Додека некои сé уште се капат на море или езеро а другите жалат што не можат, регулаторната комисија за енергетика вредно работи и следејќи ги во минатива недела берзанските цени на нафтените деривати и доларот, денеска пресече од утре да плаќаме повеќе за дизелот, за среќа само половина денар за литар, додека цените на бензините остануваат исти. Според нивното образложение, до оваа одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,07% во однос на досегашните имаат дојдено заради зголемувањето на референтната цена на дизелот за 2,044% и намалувањето на курсот на доларот за 0,278% понизок, како и зголемувањето на референтната цена на бензинот за 0,314%. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, малопродажните цени на еуросупер БС-95 и БС-98 остануваат 66,50 и 68,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот Д-Е V се зголемува на 60,50 денари.

Колку за информација, цената на бензинот во Грција е околу 1,6, а на дизелот 1,4 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER