Дизелот поевтин за два, бензините поскапи за половина денар

Вести Македонија

Дизелот поевтин за два, бензините поскапи за половина денар

Објавено на 19 јули 2021 година

Звучи контрадикторно но така е – заради повисоката цена на дизелот на светските берзи, тој кај нас поевтини. Причината е механизмот за пресметка на дополнителните акцизи за горивата кој предвидува нивно наплаќање, конкретно за дизелот, кога нивната изнесува до 600 долари за тон – над тоа тие не се наплаќаат. Токму заради таа причина дизелот кај нас од утре ќе биде поевтин за два денари за литар, инаку и тој, како и бензинот, ќе поскапеше за половина денар. Така, новите цени на горивата во Македонија изнесуваат:

  • Еуросупер 95 – 72,50 денари
  • Еуросупер 98 – 74,50 денари
  • Еуродизел ДЕ-V – 61,00 денар
  • Биодизел Б6 – 62,00 денари
  • Течен нафтен гас – 34,50 денари
  • Метан – 37,50 денари