Volvo S60 :: Дизелашите отпишани

Дизелашите отпишани

Новиот Volvo S60 без дизел мотори ќе ги напаѓа Audi A4, Mercedes-Benz C-класа и BMW серија 3
Објавено на 25 јуни 2018 година

Електрични мотори можеби, но дизели ќе нема – после долготрајното подгревање на јавноста конечно е претставен новиот Volvo S60, кој во третата генерација без никаков респект директно ќе ја напаѓа владејачката во класата германска премиум тројка, но и Jaguar XE и Alfa Romeo Giulia и другите. Не е прв модел откако Кинезите го купија Volvo, но е прв кој има суштинско значење за владеењето со иднината. Имено, другите модели може носат послатки пари, но се гледа кој ќе има вистинска понуда токму во овој премиум сегмент – останатото е само шлаг на тортата. А таа во овој случај е направена од американски челик бидејќи S60 ќе се произведува во новата фабрика на Volvo во Јужна Каролина, САД. Втемелен е на SPA платформата, истата која веќе се докажа кај XC60 и S90. Таа гарантира добар коктел на агилност и пространост, што во комбинација со веќе видениот но унапреден дизајн во потполност го носи S60 по веќе докажаната насока на прогрес.

Volvo S60 Основната понуда е моделот Volvo S60 T5 FWD Momentum, кој е солидно опремен: ЛЕД светла, панорамски покрив, 18-инчни тркала, двозонски автоматски клима уред, управувач и рачка од менувачот обложени со кожа, предни електрично задвижувани седишта со мемориска функција, алуминиумски инсерти на арматурата, Sensus Connect инфо-забавен систем и сé досега за Volvo споменато од областа на безбедноста. Задвижуван е со дволитарски четирицилиндричен турбо-бензинец со 250 KS и 350 Nm, додека на љубителите на поспортското возење е наменет T6 AWD кој од истиот мотор со комбинација на механички и турбо компресор извлекува 320 KS и 400 Nm. Топ-изведбата е Volvo S60 T8 Twin Engine Plug-In Hybrid eAWD, кај која бензинецот ги задвижува предните, а електромоторот задните тркала. Вкупната нивна сила изнесува 415 KS, со најголем вртежен момент од 640 Nm. Дизели, како што гледате, нема.

Volvo S60 во САД ќе се нуди по цена од 35.800 долари или со претплата од 775 долари месечно во која се вклучени комплет одржување и дозволени 15.000 милји годишно.

Volvo S60

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER