Ford Fiesta ST и Van :: Дијаметрално спротивни, но со заеднички гени

Дијаметрално спротивни, но со заеднички гени

Година дена по лансирањето, Ford ја дополни гамата на Fiesta со две нови верзии
Објавено на 7 мај 2018 година

Првата од двете нови верзии на Ford Fiesta беше најавена и ќе биде интересна за сите оние на кои низ вените им тече бензин. Погодувате – се работи за спортската ST изведба, чиј турбо мотор сега има три цилиндри и 1,5 литри. Иако помал, располага со истите 200 коњи кои чуда прават во каросеријата тешка 1.200 килограми. Низ бројки изразено тоа значи забрзување до сто за 6,5 секунди и максимални 232 километри на час. Покрај електрониката, за контрола на перформансите Ford Fiestaи за безбедноста се грижат механичкиот самоблокирачки диференцијал, покрутите стабилизатори и големите дискови на сопирачките. За кревање на адреналинот Fiesta ST е опремена со Launch Control и активен издувен систем кој создава уникатен звук. Мислено е и на економичноста, така што располага со систем за деактивирање на еден цилиндар при мали оптоварувања. Купувачите ќе бираат меѓу верзиите со три и пет врати, по цени од 22 до 26 илјади евра.

Новата доставна верзија на Fiesta ќе ги израдува оние на кои автомобилот им треба за работа. Претставена е на салонот за комерцијални возила во Бирмингем и во продажба ќе се најде наесен на сите европски пазари. Располага со товарен простор од околу еден кубен метар, а носивоста ѝ изнесува 500 килограми. На купувачите на располагање ќе им биде со два бензински и два дизел мотори со моќност од 85 до 125 коњски сили. Иако е во прашање комерцијално возило, Ford Fiesta Van може да се нарача со бројни системи за асистенција но и да се разубави со 18-инчни алуминиумски тркала.

Ford Fiesta

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER