DIE-CAST Club – Прва изложба на минијатурни модели

Смотра на „чуварите на времето“

Заљубениците и колекционерите на модели на автомобили конечно ја добија долго очекуваната изложба во организација на DIE-CAST клубот од Куманово.  Самиот израз DIE-CAST означува процес на леење на некои видови на метали како што се: Легура на Алуминиум, Цинк или Oлово. Каросеријата е леана легура, додека одредени компоненти како што е внатрешниот ентериер, светла, ретровизори, тркала и слично најчесто се од пластика. Моделите на автомобили постојат речиси исто колку и вистинските автомобили. Првите примероци на моделите датираат од доцниот 19-ти век, кадешто во тој период најпопуларни беа моделите на возови. Но со развојот на технологијата во автомобилскиот сектор, паралелно се развиваа и минијатурните модели на автомобили. Како растеше популарноста на вистинските автомобили, така се зголемуваше и популарноста на минијатурните модели, целиот тој технолошки развој го пратеа и производителите на играчки. Така да денес, имаме многу квалитетни изработки на овие минијатурни автомобили.

Почнаа да се произведуваат со внатрешни детали, па и со отварање на вратите, багажникот и хаубата, а се со цел да се добие што по реална реплика на вистинскиот модел. Тие се изработуваат во повеќе размери, но најзастапени размери кај минијатурните модели на автомобили се: 1:18, 1:24, 1:32, 1:43 и 1:64. DIE-CAST клубот ветува дека ќе има што да се види, па сите заинтересирани срдечно се поканети во Домот на занаетчиите во Куманово во сабота, 17.12.2022, од 18 до 21 часот, а влезот е слободен.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER