Не само што изобилува со перформанси и технологија, Denza Z има пристапна цена
Електричните супер автомобили располагаат со абсурдна моќност и забрзување, но обично имаат астрономска цена. Denza, во сопственост на BYD, со својот супер автомобил Z сака да го смени таквото мислење, барем што се однесува до цената на чинење.
Неодамна на фестивалот на брзината во Гудвуд беа претставени три верзии на моделот кои се базирани на новата платформа за спортски автомобили e3 на Denza и ја користат истата поставеност. Купето чини околу 167.400 евра, отворениот Spider започнува 187.300 евра, а тркачката верзија создадена за на патека 202.500 евра.
Сите три верзии на Z располагаат со три мотори, еден ја придвижува предната оска, додека два независно ги придвижуваат задните тркала, произведувајќи комбинирани 1.604 КС и 1.240 Nm вртежен момент.
Купето достигнува 100 км/ч за 2,25 секунди, додека Racing го намалува тоа време на само 1,96 секунди со опционални полу-слик гуми и ја зголемува максималната брзина од 300 км/ч на 350 км/ч. Секој Z е опремен со батерија Blade од втора генерација од 76 kWh која ја поддржува најновата технологија FLASH Charging на BYD Group.
На новите полначи на BYD од 1.500 kW, Denza декларира дека батеријата може да скокне од 10 на 70 проценти за само пет минути, или да достигне 97 проценти за само девет. Автономијата, според WLTP, варира помеѓу 380 и 409 км во зависност од каросериската изведба. Denza за секоја верзија ја опреми со магнетореолошки амортизери, карбонско-керамички сопирачки, векторирање на вртежниот момент, па дури и функција за вртење на компас што му овозможува на автомобилот да се врти околу предната оска.
Долгото меѓуоскино растојание од 2.780 мм дава простор за четири лица.Кабината делува раскошно на типичен технолошки пренагласен кинески начин, со масажни седишта, аудио систем Devialet, амбиентално осветлување, 12,8-инчен инфозабавен систем опремен со Google и дигитален ретровизор.
На хартија, сè звучи одлично, но како што стојат работите купувачите на луксузни и висококвалитетни машини генерално не се заинтересирани за електрични автомобили. Тие им даваат предност на цилиндрите. Сепак, Denza Z изгледа доволно моќно за да убеди милениумци да погледнат што се нуди.


