Denza е формирана со заедничко вложување на BYD и Mercedes-Benz во 2010 година
На претстојниот саем IAA Mobility во Минхен европско деби ќе има кинеската марка Denza. Пазарното позиционирање и е над моделите на BYD, но пониско од ултралуксузниот бренд YangWang, кој исто така, е во сопственост на BYD. Германците го намалија својот удел во компанијата пред две години и сега поседуваат 10 отсто од марката. Засега ќе бидат понудени два модели, кросоверот N7 и миниванот со седум седишта D9.
Двете се електрични возила кои ја користат техничката палета од BYD. Како што декларираат Кинезите D9 е конкурент на Mercedes V-класата и новиот Lexus LM што укажуве дека нема да биде евтин. Минхенската смотра, која започнува во понеделник 4-ти септември, BYD ќе ја искористи за да го лансира електричниот седан со средна големина Seal на своите европски пазари.
Seal ќе се продава со две различни големини на батерии. Верзијата Comfort има 71,8 kWh со досег од 420 км во тест циклусот WLTP, додека верзијата Design има поголема батерија од 87 kWh и опсег од 500 км. Со ова BYD ќе го зголеми европското портфолио на шест модели. Кросоверот Atto 3 кој во јули стана најпродаваниот електричен автомобил Шведска.