Денес започа релито Дакар 2025

Пеколот низ саудиските пустини ќе трае до 17-ти јануари, Dacia Sandrider подготвен за триумф

Воведното коло на Светскиот рели-реид шампионат на FIA за 2025 година започнува денес и ќе трае 14 дена во кои ќе се извозат 5.145 километри низ дините на саудиските пустини.

По етапата „Пролог“ на 3 јануари, релито Дакар 2025 започнува во Биша на западот на Саудиска Арабија, а предвидено е настанот да заврши во Шубајтах на исток. Според распоредот, натпреварувачите ќе имаат еден ден за одмор во главниот град Ријад. Во маршрутата е вклучена етапата Chrono 48H во траење од 971 километар.

Директорката на тимот на Dacia Sandriders, Тифани Иснард, изјави дека ова е напорен предизвик, но тимот сочинет од три возила е решен да се справи со храброст и верба. Напорно се работеше на подготовките и оптимизам влева победата на Релито Мароко која е издејствувана пред два месеци.

Секако, Рели Дакар е посебен предизвик и на него не е фактор само подготвеноста, туку и спортската среќа која е неопходна низ повеќе од пет илјади километри долгата рута. Тимот на Dacia Sandrider е подготвен и фокусиран, останатото е виша сила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER