Од фузија до струја

Сите го паметиме екстравагантниот футуристички DeLorean кој беше толку напредно дизајниран за да послужи како превозно средство низ времето!

Враќање во иднината беше научно фантастична трилогија која и денеска со задоволство се гледа. Главна споредна улога имаше DeLorean DMC-12 чија иконска појава беше зачинета со фузионен реактор што обезбедуваше енергија од одпад. Четири децении подоцна повторно DeLorean гледа во иднината. Најави дека ги задржува вратите „галебови крила“, но реакторот ќе го замени со електро погон. Самото име EVolved содржи два поими. Првиот е „електрично возило“ а вториот „еволуиран“. Тоа не се однесува само на изгледот препуштен на специјалистот Italdesign туку и на останатите компоненти задолжителни за електричен спортски автомобил. Производството треба да се покрене во фабриката во Тексас со лимитиран број примероци, а првите ќе бидат изложени во Пебл Бич од средината на август. За сега нема никакви наговестувања за техничките карактеристики ниту пак за цените.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER