Daytona 2021 – Rolex спонзор

Викендов е резервиран за Rolex 24 Daytona!

Трката на издржливост Daytona по триесетти пат спонзорирана од Rolex

објавено 29. јануари 2021

Храмот на брзината како Американците ја нарекуваат патеката Daytona е домаќин на првата трка од серијата Lemans во траење од 24 часа. Стартно-целната рамнина ќе ја прегазат натпреварувачите во сабота, 30. јануари во 15:40 часот, по локално време (21:40 по средно европско), а победник ќе биде оној кој извозел најмногу кругови на патеката долга 5.730 метри до недела 31. јануари во истото време. Rolex во континуитет од три децении е спонзор на оваа трка која ужива иконски статус, исто како и часовниците на реномираниот швајцарски производител. Официјален часовник е Rolex Oyster Perpetual Cosmograph Daytona кого ќе го добие возачот што извозел најмногу кругови во тек на 24 часовната трка. Амбасадор на марката Сер Џеки Стјуарт, легендарен лик на автомобилскиот спорт, вели: „Малку спортови некогаш биле благословени со трајни врски како што се оние на Rolex и мото трките. Rolex отсекогаш била компанија што размислува долгорочно и поттикнува извонредни партнерства и како таква, била дел од огромни моменти во историјата.“Блиските врски на Rolex со моторните спортови потекнуваат од успесите на Сер Малком Кембел постигнувајќи Светскиот рекорд во брзина на земја во 1930-тите. Тој стана првиот возач што ја пробил бариерата од 300 миљи на час (486 км/ч) со неговата ”Сина птица”.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER