„Данокот во крв“ на Furious 7

„Данокот во крв“ на Furious 7

Импресивните сцени со бркотници уништија повеќе од 230 автомобили
Објавено на 10 април 2015 година

Најновиот филм од серијалот Fast & Furious ги рушеше рекордите уште пред да започне да ги руши – бројните сцени со бркотници на Вин Дизел, Пол Вокер и дружината претворија огромен број автомобили во старо железо. Според продуцентите, за филмот „данок во крв“ платија преку 230 возила од секаков тип. После снимањето на каскадерските сцени, некои од нив изгледаа вака како на фотографијата. Сите возила кои учествуваа во сцените на уништување беа педантно подготвени за тоа. Најпрво се вршеше проверка на механичката исправност, потоа им се монтираа безбедносни кафези и специјални гуми, а не беа испуштени ниту посебни резервоари за гориво кои ќе го спречат неговото протекување. Секој автомобил беше следен од луѓе задолжени да забележуваат сé низ што поминал, запазувајќи ги и сметководствените стандарди и правните аспекти.

Ако за продуцентите беа вкалкулиран трошок, сите овие возила значеа добар бизнис за локалниот трговец со старо железо во близината на Колорадо Спрингс, на чии вијугави планински патчиња душата ја испуштија најмногу од нив. После снимањето на секоја сцена нему и на неговиот тим вработени им требаа по неколку дена да ги натоварат и одвезат остатоците од тоа што некогаш било релативно нови модели на Mercedes, Mitsubishi, Ford… Но, нивната работа не завршуваше со тоа – филмаџиите инсистираа сите од него откупени автомобили да бидат фрлени под преса или исечени, за случај некој да не се обиде да ги поправи и врати во сообраќај.

Инаку, филмот Furious 7 за помалку од една недела од прикажувањето собра преку милијарда долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER