Дали е ова наследникот на Mondeo?

насловна Поглед во иднината

Ќе стигне ли Evos од Кина во Европа?

Откако Ford минатата година го прекина производството на американскиот Fusion а го најави и крајот на неговиот европски брат Mondeo, се поставува прашањето кој ќе го замени

објавено на 29 септември 2021

Додека плановите на Ford за Америка се јасни, за Европа освен електрификацијата нема конкретни најави како ќе се развива гамата. Купувачите на Стариот Континент сé уште не се целосно подготвени да ги заменат возилата со класични линии за кросовери или нешто што наликува на нив, иако пазарот се движи во тој правец. Затоа и Ford мора да бараа соодветна замена за Mondeo, кој според најавите на почетокот на идната година ќе престане да се произведува. Официјално причината за тоа се споменатите еволуции во желбите на купувачите, но вистината е дека Mondeo слабо се продава. Неговите бројки лани застанаа на малку над 21 илјада, за половина помалку од 2020-тата и скоро пет пати послабо од лидерот во сегментот VW Passat.

Во потрагата по неговиот наследник, заради трансформацијата на гамата и процесот на производството, во овој момент сите погледи се насочени кон единствената можна алтернатива – кинескиот Evos. Тој со својот модерен изглед кој благо потсетува на кросовер се чини идеален да скокне на испразнетата позиција на Mondeo. Од компанијата официјално се имаат изјаснето дека тој ќе остане само во Кина, но сепак се шират некои гласини дека со одредени дизајнерски корекции би можел да допатува во Европа, каде би се продавал како Mondeo Evos. Долг е 4,9 метри, широк 1,92 и има меѓуоскино растојание од 2,95 метри, што го прават малку поголем од Mondeo. За Кина се опремува со дволитарски турбо мотор со 238 KS и автоматски менувач, а производството треба да му започне во последниот квартал годинава.

Со оглед на сé, од Ford многу бргу треба да стигне одговор што ќе прават со Mondeo – дали дефинитивно ќе го исфрлат од гамата или пак ќе го заменат со овој модел.