Dacia Striker – Нова возбуда за прифатлива цена

Од фенерџија, Dacia станува сериозен играч. Следен чекор е засилување на понудата во сегментот „Ц“ со нов кросовер.

Со новиот модел Striker, романската марка ќе понуди различни погонски склопови и ја комбинира динамиката на караван, практичноста на просторен компактен автомобил и оддалеченоста од земјата карактеристична за кросовер.

Оваа формула може да биде полн погодок и одлично да ја надополни понудата во високо конкурентниот „Ц“ сегмент каде веќе започна да се продава Bigster.  Дизајниран во препознатливиот стил на брендот, Striker остава впечаток на издржливост и самодоверба. Динамичните линии, аеродинамичната силуета и изразениот вертикален преден дел

се надополнети со новиот, современ светлосен потпис на дневните светла. Striker ја отелотворува амбицијата на Dacia да ја направи електрифицираната мобилност во C-сегментот достапна за широк спектар на клиенти. Неговата иновативна силуета и исклучителна аеродинамика одразуваат прагматичен инженерски пристап што ги става во центарот вистинските потреби на клиентите и секојдневната практичност.

Со должина од 4,62 метри, овој кросовер со повеќе погони совршено го надополнува Bigster во гамата на Dacia во C-сегментот. Заедно, двата модели ќе формираат силно и важно дуо, дизајнирано да го зајакне присуството на брендот во стратешки важен сегмент од пазарот.

Striker официјално ќе биде лансиран во јуни, а гамата ќе вклучува хибридна верзија, Hybrid 4×4 и верзија напојувана со течен нафтен гас. Со почетна цена помала од 25.000 евра, Striker ја прави електрифицираната мобилност многу подостапна за приватните и флотните клиенти.

Овој смел, впечатлив, издржлив и разновиден модел го отелотворува борбениот дух и амбицијата на брендот Dacia. Се очекува производството да се одвива во фабриката на Renault во Турција, а не во Романија, бидејќи тамошната фабрика останува фокусирана на производство на Duster и Bigster.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER