Титулата Sandero ја држи полни седум години и покажува дека рационалното е високо ценето
Од претставувањето во 2008 година, компактот од Румунија се продаде во 3,1 милиони примероци, и нема да застане на таа бројка. Напротив, според состојбата на глобалниот пазар тој ќе продолжи да „гази“ и понатаму. Во првите шест месеци на годинава Sandero забележа продажба од 164.789 примероци и остана на врвот според продажба на приватни купувачи. Тоа е зголемување од 18,5%. Купувачите високо ја ценат сериската опременост која содржи рационално ниво на активна и пасивна безбедност, како и конективни опции преку мобилните телефони. Овој рецепт, зачинет со разумен дизајн, се покажа како вистински за повеќето купувачи во субкомпактната класа.


