Dacia Sandero лидер по продажбата

Не дека е некое изненадување, ама…

Турбулентните последни неколку години од корен го сменија европскиот пазар на нови автомобили. Некогашниот недостижен лидер Volkswagen Golf се повлече од својата позиција отстапувајќи го своето место на некои нови играчи, кои меѓусебе се борат не со своите карактеристики туку со помош на моменталните трендови на пазарот. Конкретно, електричните и поевтините бензински автомобили, како што се Tesla Model Y и Dacia Sandero.

Сепак, колку и да сакаме искрено да звучиме дека напредните технологии ни ја дефинираат иднината, не е така – во првите шест месеци годинава најпродаван нов автомобил во Европа беше романскиот адут. Sandero меѓу 1 јануари и 30 јуни забележа 143.596 продажби, што е пораст од 16 отсто во споредба со истиот период лани. Колку и да ги загуби некогашните позиции со пораст на продажбата од 43 отсто Golf сепак успеа да стигне до второто место, додека Renault Clio е на третото место. Понатаму следат Volkswagen T-Roc и Peugeot 208, додека ланскиот глобален бестселер Tesla Model Y стигна само до осмото место.

Како заклучок единствено може да се каже дека промените на пазарот сé уште се под влијание на моменталните состојби и дека ама баш ништо за во иднина не може апсолутно да се прогнозира.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER