Dacia продаде еден милион возила на плин

 

Иако во многу земји па и кај нас течниот нафтен гас е популарно гориво за автомобилите, ретки се производителите кои фабрички го вградуваат. Dacia пак е единствена марка која го има низ целата своја гама – Sandero, Logan, Joger и Duster. Затоа не треба да изненадува што досега има пласирано милион возила со погон на автоплин.

Романската компанија започна да ги нуди уште од 2010 година и во моментов тие се опремуваат со еднолитарски трицилиндричен агрегат со ознака кој развива 100 коњски сили и 170 њутн-метри вртежен момент. Во споредба со бензинецот од кој има настанато малку е посилен, а троши за 10% помалку гориво.

За исто толку помалку испушта јагленород диоксид во атмосферата а за човековото здравје е значајно и тоа што има за 90 отсто помали емисии на ситни честички. За купувачите на марката од кои во моментот 40 отсто се определуваат за овој вид погон значајна е и автономијата која се искачува и до 1.500 километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER