Dacia – Темел тежок 8 милиони возила

За 19 години од повторното раѓање, Dacia достигна завидни бројки

Од претставувањето на својот прв модерен модел во 2004-та, романската марка се продава на 44 пазари околу Медитеранот. Првенецот Logan беше наменет првенствено за домашниот пазар, а потоа да се прошири во Источна Европа.

Денеска состојбата е поинаква. Две години по ред Dacia е водечки бренд во Европа кај индивидуалните купувачи. За неа најмогу се определиле купувачите во Франција и Италија, а високо место зазема Португалија и Белгија.

Со пет модели во понудата, од кои еден електричен, Dacia покажува дека не е сé во високите цени, ниту во раскошната опременост, туку во рационалното. Гамата и филозофијата што ја нуди компанијата е основа на големиот успех, осум милиони продадени возила. Најпродаван е Sandero (2.78 милиони), следи  Duster (2.26 милиони), Logan запиша (1.97 милиони). Мултинаменсиот Dokker има 630,000 купувачи, а го следи Lodgy со тираж од 346,000, првото електрично возило нa Dacia и воедно најевтиното e Spring кој забележа бројка од 96.000 регистрации а Jogger, претставен пред неполни две години, има 80,000 муштерии. Секако дека Dacia нема тука да застане. Само прашање е кога ќе го прослави следниот јубилеј?

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER