По две години од најавувањето во продажба влегува Cyberquad за деца по цена од 1.550 евра
Комерцијализацијата на Cyberquad не е започната и уште се работи на дизајнирањето на батериите за сенаменското теренско возило.
За да ја смири јавноста Tesla објави дека за неколку дена ќе почне со продажба на Cyberquad за деца, исклучиво на кинескито пазар. Напојувањето ќе се врши од литиум-јонски батерии со капацитет од 188 Wh, ќе има досег до 13 километри или околу 1,5 часа исползување и максимална брзина од 8 км/ч.
Погоден е за деца на возраст помеѓу 8 и 12 години. Најверојатно овој производ нема да ги напушти границите на Кина бидејќи Американската комисија за безбедност на потрошувачки производи утврди дека детската верзија на Cyberquad не ги исполнува федералните стандарди наменети за ATV.


