Шпанците успеваа да се разликуваат од мејнстримот во своето петгодишно постоење, и визуелно и комуникациски. Од лансирањето на брендот Cupra продадени се повеќе од 300.000 возила ширум светот. Во првиот квартал од оваа година поставен е нов рекорд бележејќи 46.000 продажби. И глобалната експанзија продолжува. По успешниот почеток во Австралија, во моментов се во тек истражувањата и сондажите во Северна Америка. За такво нешто потребно е повеќе од добра воља, потребни се производи што се во склад со желбите и очекувањата на купувачите. Сега е претставен вториот електричен модел кој ќе се приклучи на Born, овој пат спортско корисно возило со купеовска ориентација.


