Cupra – Три Златни волани

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Шпанците растурија во Германија!

CUPRA освои три трофеи на престижните награди „Златен волан“ за 2021 година.

Покрај силната автомобилска индустрија Германија е позната како пазар на кого купувачите знаат што им треба, па признанијата добиени таму имаат специфична тежина. Од финалето на годинешниот „Златен волан“, одржано во Берлин, Шпанците се враќаат дома со три одличја. CUPRA Leon го освои „Златниот волан“ во категоријата „Мали и компактни автомобили“, CUPRA Born, првиот целосно електричен модел на марката, се искачи на врвот во друштвото на „Мали и компактни електрични автомобили“, додека CUPRA Formentor VZ5 триумфира во категоријата спортско-корисни возила.

Во оваа пригода извршниот директор на Cupra Вејн Грифитс даде емотивна изјава: „Пред три години, група верници имаа сон: да создадат сосема поинаков бренд. Големите соништа започнуваат со неколку верници“. Натпреварот „Златен волан“ беше формиран од Аксел Шпрингер, најголемата европска издавачка куќа, во 1976 година. Долго време етаблирана како најважна награда во автомобилската индустрија во Германија, нејзината комбинација од гласови од читателите и стручното жири го прави многу посакуван трофеј. Оваа година беа доделени вкупно 12 награди „Златен волан“ на кои Cupra постигна хеттрик.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER