Cupra Terramar, Tavascan и UrbanRebel – со видео

Хероите на Cupra за новото време

Четири години по осамостојувањето, Cupra е подготвена за следната фаза на своето работење. Неа ја најави на експлозивен настан на историскиот аеродром Терамар покрај Барселона, каде беше обелоденето дека марката има амбиции да продава по половина милион автомобили годишно.

Покрај веќе најавениот Tavascan за кој велат дека е остварување на сонот, меѓу хероите на Cupra за новото време е и електрифицираниот кросовер кој го носи токму името Terramar. Плаг-ин технологиите ќе му дадат нов спортски импулс на овој маркантен модел со импресивен дизајн, кој ќе се произведува во фабриката на Audi во Унгарија.

Најмногу внимание сепак беше посветено на електричниот UrbanRebel, со кој Cupra ги предизвикува сите емоции. Планиран за 2025-тата тој ќе ја однесе марката преку традиционалните сфаќања за градските автомобили бидејќи како велат се развива за еден бунтовен електричен свет. Ќе ја користи новата верзија на MEB платформата на Volkswagen концернот, а Шпанците за него предвидоа и масовно користење на рециклирани полимери и органски добиени материјали за еколошко освестување на општеството. Мускулесто изведениот дизајн ги најавува перформансите што ќе ги обезбеди електромоторот со 226 коњски сили, а батерискиот пакет ќе му обезбеди автономија од 440 километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER