Увозните давачки кои ги наметна ЕУ за електричните возила произведени во Кина имаа негативни импликации и на европските производители. Не е мал бројот на БЕВ кои се произведуваат во Кина а се дел од европските традиционални производители.
Европската Унија, во знак на затоплување на односите со Кина, го ослободи електричниот Cupra Tavascan од високите увозни давачки. Тоа е првиот пример што доби одобрение според новиот механизам насочен кон одмрзнување на трговските тензии.
Европската комисија соопшти дека прифатила барање од Volkswagen (Anhui) Automotive Co. за продажба на компактниот кросовер по или над предложената минимална цена за увоз. За возврат на ослободувањето од компензаторната тарифа од 20,7 проценти, покрај постојната давачка од 10 проценти, Групацијата VW се обврза дека ќе инвестира во значајни проекти поврзани со БЕВ во ЕУ.
За VW, кој вложува милијарди евра во фабриката во Анхуи каде што се произведува Tavascan, ослободувањето веројатно ќе го зголеми профитот кој беше еродиран од структурата на тарифите.


