Cupra – Tavascan Extreme E

насловна Поглед во иднината

Завет на струјата и перформансите

Cupra со своето концептно возило ја изненади публиката во Минхен на пријатен начин.

објавено 10.09.2021

Најмладиот член на групацијата VW стана најгласен во електричната прикаска. Покрај најавите дека до 2030 г. сите модели ќе бидат електрични, Cupra покажува дека има сериозни намери не само да го одржи ветеното туку да ги развива капацитетите во повеќе смерови.

Покрај комерцијалната премиера на Born, Шпанците го „протурија“ концептот Tavascan Extreme E. Целосно електричниот теренски тркачки автомобил ја претставува следната еволутивна етапа за мотоспорт серијата Extreme E. Во исто време дава патоказ за дизајнерскиот јазик на идниот Cupra Tavascan, кој треба да се појави на пазарот во 2024 година. Во споредба со претходниот Extreme E-Buggy, еволуираше предниот и задниот израз на концептот.

LED технологијата доминира преку трите индивидуални светла во триаголна форма кои се спојуваат во моќнa целина, што му дава посебен печат на Tavascan Extreme E. Во производството на елементите од јаглеродни влакна во каросеријата се користат колку што е можно повеќе ленени влакна. Концептот е опремен со батерија од 54 kWh, што укажува дека идниот Tavascan ќе има чисто електрична верзија. Батеријата, поради  рамномерна распределба на тежината е поставена зад кокпитот.