Cupra Raval – Урбан бунтовник

Raval ќе биде предводник на новото урбано EV семејство на VW Group

Поставен на новата МЕВ+ платформа новиот градски модел ќе има три нивоа на опременост и мотори со две моќности.

Иако ја дели платформата со VW ID. Polo, ID. Cross и Škoda Epiq, Raval сепак ќе се разликува од нив не само по изгледот. Сите четири модели ќе се произведуваат во Шпанија, на иста лента, но pra тој ќе биде различен од своите браќа.

Cupra всушност го водеше развојот на подесувањето на шасијата за целото семејство. Секоја марка сè уште има свој вкус, но Raval е, очекувано, најлутиот. Со должина од нешто над 4.000 mm, но инженерите на куќата за својот модел го спуштија подвозјето за 15 mm пониско отколку кај другите MEB+ автомобили, го зацврстија потпирањето и додадоа прогресивно управување.

За Cupra Raval предвиден е напред поставен електро-мотор од 211 КС и со него се најавува автономија од 450 км иако не се објавени никакви детали за големината на батеријата. Преминувањето од основната Dynamic опрема на Dynamic Plus додава повеќе ADAS функции, интелигентни функции за паркирање, Matrix LED фарови, спортски седишта и аудио систем Senhheiser со 12 звучници.

Сепак, водечкиот модел VZ е сосема поинаков благодарение на неговиот помоќен мотор од 233 КС, електронскиот диференцијал и спортскиот управувач. VZ добива поширока трага на тркалата за 10 mm, стандардни 19-инчни тркала со атрактивен дизајн и „школка“ седишта, но на фотографиите Cupra не ни го откри интериерот.

Спортската верзија ќе има помал домет, околу 400 км. Производството на Cupra Raval започнува во првиот квартал на 2026 година со почетна цена од 26.000 евра. Логично е да се очекуваат и други помалку моќни изведби за да го направат Raval попристапен. Но, за тоа, потоа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER