Зголемување на електрифицираната понуда со нов компактен крос-овер
Потполно ново електрифицирано спортско-корисно возило ќе има различни погонски единици, вклучувајќи и плаг-ин верзија
Повеќе од јасно е дека крос-оверите го водат колото на пазарот. Не постои производител во компактната класа кој нема свој претставник во сегментот. Од ова правило не отстапува Cupra. Во 2024-та година на пазарот ќе исфрли засилување кое ќе има класичен и приклучен хибриден погон. Теренецот ќе интегрира технологија за погонска група mHEV (благо хибридно возило) и PHEV (приклучено хибридно возило). За вториот батеријата акумулира енергија за поминување 100 километри во целосно електричен режим. За сега не се даваат повеќе информации осем дека ќе има вкупна должина околу 4,5 метри. Целосно новиот електрифициран крос-овер ќе се произведува заедно со Audi Q3 Sportback во Унгарија во фабриката во Ѓер, почнувајќи од 2024 година.

