Cupra – Полека се крчка Америка

Иако има уште многу време до 2030-та година за кога е планирано лансирањето на Cupra на американскиот пазар, Шпанците започнаа со креирањето на дилерската мрежа.

Според официјалните вести од компанијата се преговара со Penske Automotive за користење на нејзините ресурси за освојување на пазарот.

А тие не се мали – групата ширум целиот континент располага со продажни и сервисни места за возила од повеќе марки меѓу кои и оние од поширокото семејство на Volkswagen. Тоа ќе биде голема предност за Cupra бидејќи своите возила ќе ги отстапи во рацете на искусни продавачи кои веќе ги познаваат европските возила и на кои ќе им биде полесно да им објаснат на купувачите што можат да добијат од марка за која никогаш не слушнале. Се очекува Cupra во Америка да донесе модели на секаков погон – бензински, хибридни и електрични, почнувајќи од наредната генерација автомобили што ги подготвува.

Таму за промотивни цели веќе се испратени неколку примероци од Formentor за кој се споменува дека постои можност и да се произведува во капацитетите на Volkswagen, веројатно во Мексико. Можеби нема влијание но треба да се спомене и тоа дека Penske својот бизнис го има раширено и во Канада, Австралија, Велика Британија, Германија, Италија и уште некои други земји.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER